full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Honda Civic Type R – Другата страна на Honda!

Honda продолжува да го најавува новиот Civic Type R, и како интересна најава ни го понуди видеово каде ја гледаме трансформацијата од обичен Civic, во Type R!

Веќе знаеме дека новиот Civic Type R ќе има 2-литарски турбо VTEC мотор кој ќе нуди околу 300 коњски сили. Знаеме и како ќе изгледа – само чекаме Honda да ги официјализира работите и да почне да го продава овој несекојдневен автомобил. Во меѓувреме, погледнете го видеово неколку пати – уште повеќе ќе се загреете за еден примерок да имате во вашата гаража.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.