Наскоро почнува хуманитарниот тениски турнир – Nissan Open 2014! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наскоро почнува хуманитарниот тениски турнир – Nissan Open 2014!

Oваа година за прв пат се одржува хуманитарниот тениски турнир NISSAN Open 2014 во организација на компанијата Аутомотив Груп.

Турнирот, кој како што напоменавме е од хуманитарен карактер, ќе се одржува во периодот од 23.06.2014 до 03.07.2014 во тенискиот клуб АБЦ.

Сите парични средства кои ќе бидат собрани од котизациите на тенискиот турнир ќе бидат донирани за помош за набавка на медицинска опрема на одделот хемато онкологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје.

Апликациите за турнирот можат да се пополнат on line на Facebook fan страната на NISSAN Macedonia како и сите заинтересирани да се запознаат со официјалните пропозиции и правила за игра. Учесниците ќе бидат распределени во единечна категорија и во категорија двојки. Оваа година учесниците освен тоа што ќе донираат исто така и ќе се натпреваруваат за првата награда во секоја категорија – вредносен ваучер од 12.000 денари кој може да го искористат во генералниот застапник на светскиот тениски бренд BABOLAT во Македонија – ИНТЕКО.

И оваа година во турнирот ќе бидат вклучени и најмалите. Детската категорија е поделена во три подкатегории: црвен, портокалов и зелен тенис.

Затоа, доколку сакате да се забавувате, а истовремено да бидете хумани, Аутомотив Груп Ве кани заеднички преку спорт и рекреација да помогнеме на најмладите и да се заложиме за здрава и сигурна иднина, а бидејќи ова е настан од хуманитарен карактер, и ние од CARclub решивме да застанеме позади оваа иницијатива и да го поддржиме настанот со негова промоција.

Дознајте повеќе и пријавете се за турнирот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.