full screen background image
Search

Nissan ја претстави новата, порафинирана Navara!

Јапонскиот производител официјално ја претстави новата генерација на популарниот и успешен пикап – Navara – која сега е порафинирана и со посовремен дизајн!

Кон најновата генерација на Navara е пристапено со цел да се добие пикап возило кое не само што е порафинирано, туку е и полуксузно. Кај дизајнот ова е  постигнато со новата V-Motion предна маска, како и многуте хромирани детали, а дизајнерните на Nissan се гордеат и со динамичната карактерна линија како и LED дневните светла. Купувачите ќе можат да изберат и меѓу нови бои во понудата – како што се Savannah Yellow и Earth Bronze со црни Б-столбови и хромирани ретровизори.

nissan-navara-rear

Како и екстериерот, и ентериерот доби целосен редизајн со подобри материјали и детали од алуминиум на централната конзола. TFT дисплејот со висока резолуција поставен меѓу инструментите нуди лесен пристап до компас и навигација, како и други корисни информации. Новата Navara NP300 е конструирана со шасија со висока цврстина и надградена суспензија со лиснати пружини кои се развиени да ги издржат напорите од секојдневното користење, а истовремено и кругот на вртење е намален, што би требало да го направи големиот пикап полесен за маневрирање низ градските улици.

За моторизацијата е задолжен преработениот 4-цилиндерски, 2.5-литарски DOHC дизел мотор достапен во две верзии – едната со 163 коњски сили и 403 Nm вртежен момент, и втората со 190 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Освежениот мотор е до 11% поекономичен во однос на претходникот, а Nissan ќе нуди и освежен 2.5-литарски бензинец. Обата мотори работат во соработка со 6-степен рачен или 7-степен автоматски менувач.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Nissan официјално го претстави новиот Qashqai!

Секако, Navara ќе нуди и 4х4 режим кој може да се активира и при возење, и кој ќе нуди системи за асистенција како што се Vehicle Dynamic Control, Hill Descent Control, Hill Start Assist и Active Brake Limited Slip.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.