full screen background image
Search

Несекојдневно задоволство – Mercedes-Benz Star Experience!

Како дел од Star Experience турнејата, Road Show тимот на Mercedes-Benz ја посети и Македонија, а ние имавме можност нешто да научиме, но и да седнеме зад воланот на фамозните AMG автомобили!

Навистина одличен и интересен подарок од Mercedes-Benz, Roadshow вредно за паметење. Вака накусо може да се раскаже настанот организиран од страна на Mercedes-Benz заедно со официјалниот претставник во Македонија, Мак Аутостар. Како дел од настанот кој се одржа на новиот скопки аеродром, имавме можност не само да ги повозиме новите модели на Mercedes-Benz, туку и малку повеќе да научиме за новите технологии и безбедносни системи кои се дел од нив.

c63-amg

За оваа цел, тимот на Mercedes-Benz во Македонија пристигна со врвни инструктори за возење, кои преку теоретски дел и неколку практични вежби на полигон, ни ги демонстрираа сите врвни достигнувања на Mercedes-Benz во делот на безбедносните и останати електронски системи.

Иако највеќе внимание им беше посветено на новата C-Class, како и на новиот GLA (и двата модели веќе ги имаме возено и тестирано), за нас најинтересни беа оние, специјалните модели кои ја носат онаа божествената ознака – AMG. Понудени беа A45 AMG, CLA 45 AMG, SLK 55 AMG, E63 AMG S и SL 63 AMG. Листата ја предводеше монструозната E-класа со дури  585 коњски сили! Имавме можност да ги повозиме AMG моделите на отворен пат и кратко да се запознаеме со нивниот карактер, перформанси, но и моќниот звук од кој останавме зашеметени – вака треба автомобилите да звучат! Се надеваме дека еден ден ќе имаме можност да запознаеме еден од инженерите на AMG кои рачно ги прават овие прекрасни мотори, и да му подадеме рака за одлично завршената работа!

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz го претстави својот нов електричен знаменосец - високо-технолошкиот EQS!

slk-a-class-amg

„Оваа година компанијата Мак Аутостар под мотото „Посветени како никој друг“, прославува 20 годишен јубилеј, за што сведочат две децении успешна приказна, која продолжува и денес, да го дадеме најдобро на сите оние кои тоа го очекуваат. Денешниот настан Mercedes Roadshow е само дел од таа приказна“,изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

Инаку, Mercedes-Benz Roadshow се организира само во неколку европски држави, а оваа година меѓу нив е и Македонија. Турнејата наречена „Вашето чудесно патување – Mercedes-Benz Star Experience“ трае нешто повеќе од два месеци и се изминуваат над 8.000 км, пат на кој Mercedes-Benz спојува различни култури. Секоја чест за подвигот – вакви настани се секогаш добредојдени и изнудуваат огромно внимание!

c63-amg-girls

За крај, ве оставаме со едно кратко видео, да го слушнете монструозниот звук на C63 AMG!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.