Освежената Ferrari 458 Italia ќе биде со турбо мотор? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената Ferrari 458 Italia ќе биде со турбо мотор?

Според неодамна објавените планови на Ferrari, следната година можеме да очекуваме фејслифт на популарниата 458 Italia, но почнаа да кружат гласини дека супер-автомобилот ќе биде придвижуван од турбо-бензинец!?

Италијанскиот мега-бренд објави неколку официјални детали околу идните модели. Како дел од нивниот пет-годишен план, компанијата ќе понуди „целосна линија на автомобили со високи перформанси со V8 и V12 мотори.“ По еден нов модел ќе биде лансиран секоја година и ќе има животен век од четири години. Овие модели понатаму ќе бидат заменети со „М Верзии“ кои ќе се продаваат уште четири години.

Покрај стандардните модели, повремено ќе бидат понудени и специјални серии за посебни клиенти. Sergio Marcionne изјави дека нема да се произведуваат повеќе од 7.000 возила годишно со цел да се задржи уникатноста на брендот, но сугерираше дека таа бројка би можела да порасне и на 10.000 примероци годишно со цел да се задоволат потребите на богатите купувачи на пазарите во развој.

Она што нашите колеги од CAR Magazine успеале да го дознаат е дека фејслифтираната верзија на Ferrari 458 најверојатно ќе се вика Ferrari 458M и задолжен за нејзиното задвижување ќе биде 3.8-литарски турбо V8 бензинец кој би требало да испорачува околу 670 коњски сили. Овој потег на Ferrari може да се интерпретира и како одговор на новиот Lamborghini Huracan кој добива 610 коњски сили од својот 5.2-литарски V10 бензинец и забрзува до 100 километри на час за 3.2 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.