full screen background image
Search

ГАЛЕРИЈА: Одржана деветтата изложба на историски возила во Скопје!

Вчера во Скопје се одржа IX-тата Меѓународна Изложба со историски возила – а ние бевме на местото на настанот и ви ги пренесуваме сите интересни автомобили кои беа таму претставени!

Домаќин на настанот  беше македонскиот импортер за Peugeot – Еуроимпекс и покрај изложбата, истовремено посетителите можеа да ги тестираат сите возила од гамата на францускиот производител. Сепак, најголемите ѕвезди беа токму олдтајмерите кои изнудуваа погледи и воздишки од сите посетители. Сепак, наместо да ви зборуваме, полесно е самите да видите! Уживајте!

Дополнување – листа на победници по категории:

1. Најдобро реставриран автомобил

– Модел на автомобил: 1969 Citroen DS – Ѓорѓи Христов

2. Најдобро реставриран мотоцикл

– Модел на мотоцикл: 1593 DKV RT – Љупчо Милошевски

3. Најдобро реставриран кабриолет

– Модел на автомобил: 1977 Fiat Spider – Бејтула Селмани

4. Најдобро реставрирано теренско возило

– Модел на автомобил: 1943 Jeep Willy’s – Саше Несторовски

5. Најдобро реставриран велосипед со помошен мотор

– Модел на велосипед: 1973 ROG Pony Express – Марија Стамболиска

6. Најстар автомобил на изложбата

– Модел на автомобил: 1936 Fiat Topolino – Благоја Спасовски

7. Најстар мотоцикл на изложбата

– Модел на мотоцикл :  1930 Java 150 – Ване Шандев

8. Најстар автомобил од брендот Peugeot

– Модел на автомобил: 1968 Peugeot 404 – Златко Буцевски

9. Најдобро реставриран автомобил од брендот Peugeot

– Модел на автомобил: 1970 Peugeot 404 – Кирил Воиновски

10. Најдобар јанг тајмер на изложбата

– Модел на автомобил: 1987 Opel Kadet – Стефан Стојмановски

11. Најдобро реставриран автомобил на изложбата од гостите вон Македонија

– Модел на автомобил: 1976 Zastava 101 – Данило Петровиќ

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.