full screen background image
Search

Mitsubishi го претстави својот концепт за Gran Turismo – XR-PHEV Evolution Vision Gran Turismo!

Јапонскиот производител најпознат по Lancer Evolution го претстави својот нов кандидат за Gran Turismo – виртуелниот XR-PHEV Evolution Vision Gran Turismo!

Базиран на концептот XR-PHEV кој веќе поодамна го знаеме, Mitsubishi подготви интересна визија за тоа како би можел да изгледа еден спортски SUV на иднината, но истовремено на концептот му додаде и неколку детали инспирирани од рели-патеките каде Mitsubishi своевремено доминираше. Според Mitsubishi, атлетската форма е дополнително унапредена и агресивно ги истакнува карактеристиките на возењето.

Она што ќе можеме да го пробаме во Gran Turismo е автомобил кој силата ја пренесува преку 8-степен менувач со двојна спојка кон сите четири, големи, 20-инчни тркала. Според Mitsubishi, S-AWC погонот на сите четири тркала би требало да му даде на овој концепт уникатни и врвни управувачки карактеристики.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.