full screen background image
Search

Ford убеден дека стратегијата со Vignale ќе биде успешна!

Луѓето од Ford најавуваат дека се убедени дека стратегијата за премиум под-брендот Vignale ќе биде успешна на европскиот пазар!

Како што веќе неколку пати зборувавме, премиум под-брендот на Ford – Vignale – ќе го има своето деби следната година. Првиот модел кој ќе се појави на пазарот е Mondeo Vignale – премиум верзија на следната генерација Mondeo која веќе ја очекуваме. Подоцна истата година свое деби ќе има и S-Max Vignale – луксузниот MPV кој треба дополнително да го зајакне овој под-бренд. Стратегијата на Ford со овие луксузни модели е да одвлече купувачи од премиум производителите – потег кој би можел да биде ризичен со оглед на моменталната економска ситуација во Европа.

ford-smax-vignale

Сепак, планот на Ford е дека со овој под-бренд ќе успеат да имаат оддржлива профитабилност во Европа – регион каде Ford се бори со жестоката конкуренција. Со таа цел, Ford планира да промовира најмалку 25 нови или освежени модели до 2017-тата година, како дел од планот да се зголеми европската продажба за 25% на 1.65 милиони возила до 2020-тата година. Секако, тука огромна улога ќе игра и новиот Mustang – автомобил кој за прв пат официјално ќе се продава на Европскиот пазар, а е вистински магнет за потенцијалните купувачи. Всушност, Ford веќе објави дека интересот за новиот Mustang во Европа е изненадувачки голем.

The All-New Ford Mustang GT

Сепак, продажбата не е сè – за да постигне вистинска профитабилност, Ford ќе мора на некои модели да ги зголеми цените – и токму тука доаѓа Vignale. Ford храбро ќе ги таргетира клиентите на Германските премиум брендови, но и купувачите кои размислуваат за своето прво луксузно возило. Според Roleant de Waard, одговорниот за продажба во Европа на Ford, еден од шест сопственици на S-Max претходно возел Германско луксузно возило, и токму во овој факт тој ја гледа најголемата потврда дека продажбата на Vignale возилата нема да биде толку тешка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.