Вчера во Скопје се одржа IX-тата Меѓународна Изложба со историски возила – а ние бевме на местото на настанот и ви ги пренесуваме сите интересни автомобили кои беа таму претставени!
Домаќин на настанот беше македонскиот импортер за Peugeot – Еуроимпекс и покрај изложбата, истовремено посетителите можеа да ги тестираат сите возила од гамата на францускиот производител. Сепак, најголемите ѕвезди беа токму олдтајмерите кои изнудуваа погледи и воздишки од сите посетители. Сепак, наместо да ви зборуваме, полесно е самите да видите! Уживајте!
Дополнување – листа на победници по категории:
1. Најдобро реставриран автомобил
– Модел на автомобил: 1969 Citroen DS – Ѓорѓи Христов
2. Најдобро реставриран мотоцикл
– Модел на мотоцикл: 1593 DKV RT – Љупчо Милошевски
3. Најдобро реставриран кабриолет
– Модел на автомобил: 1977 Fiat Spider – Бејтула Селмани
4. Најдобро реставрирано теренско возило
– Модел на автомобил: 1943 Jeep Willy’s – Саше Несторовски
5. Најдобро реставриран велосипед со помошен мотор
– Модел на велосипед: 1973 ROG Pony Express – Марија Стамболиска
6. Најстар автомобил на изложбата
– Модел на автомобил: 1936 Fiat Topolino – Благоја Спасовски
7. Најстар мотоцикл на изложбата
– Модел на мотоцикл : 1930 Java 150 – Ване Шандев
8. Најстар автомобил од брендот Peugeot
– Модел на автомобил: 1968 Peugeot 404 – Златко Буцевски
9. Најдобро реставриран автомобил од брендот Peugeot
– Модел на автомобил: 1970 Peugeot 404 – Кирил Воиновски
10. Најдобар јанг тајмер на изложбата
– Модел на автомобил: 1987 Opel Kadet – Стефан Стојмановски
11. Најдобро реставриран автомобил на изложбата од гостите вон Македонија
– Модел на автомобил: 1976 Zastava 101 – Данило Петровиќ
Фотографија: Дејан Маликовски