Освежување и за Citroën DS3 и DS3 Cabrio! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежување и за Citroën DS3 и DS3 Cabrio!

Францускиот производител ги објави освежените DS3 и DS3 Cabrio – најпродаваните модели од линијата со премиум аспирации на брендот!

Освежените автомобили добиваат нови предни светлосни групи кои користат LED и Xenon технологија и интересни секвенцијални трепкачи кои влечат потекло од Numero9 и Wild Rubis концептите. Според Citroen, не само што овие фарови се 35% енергетски поефикасни (односно 75% кога се користат долгите светла), би требало да траат и 20 пати повеќе од конвенционалните, халогени светла и би требало да имаат животен век од околу 20.000 часа!

Но она што е поважно се новите Euro 6 мотори со ознаките Blue HDi 100 и Blue HDi 120. Овие мотори не само што нудат подобрени перформанси, туку се и поекономични. Послабата верзија троши само 3 литри на 100 килоемтри, додека посилната верзија само 3.6 литри на 100 километри. Интересна е и емисијата на штетни гасови – Blue HDi 120 има емисија од 94 грама CO2 на изминат километар, додека кај Blue HDi 100 таа бројка изнесува екстремно ниски 79 грама CO2 на изминат километар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.