Официјално: Новиот Nissan Pulsar е подготвен да се бори со конкуренцијата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот Nissan Pulsar е подготвен да се бори со конкуренцијата!

Јапонскиот Nissan денес го откри новиот Pulsar – хечбек од Ц-сегментот кој ќе се впушти во борба со докажаните европски, но и јапонски и корејски конкуренти!

Nissan Pulsar ќе биде долг 4385 милиметри и според Nissan ќе нуди значително повеќе простор на задната клупа од своите сегментски ривали – со 692 милиметри простор за колена на задните седишта би требало да биде попросторен и од многу возила од Д-сегментот. Стајлингот на екстериерот наликува на новиот Qashqai и автомобилот е веднаш препознатлив како припадник на Nissan фамилијата. Забележлива е очекуваната V-Motion предна маска и меките странични линии.

nissan-pulsar-read-side

Сега за сега, Nissan не го прикажува ентериерот, но најавуваат дека „е следен премиум пристап со висококвалитетни материјали и чист дизајн.“ Сепак, од Nissan објавија дека Pulsar ќе го користи новиот Safety Shield пакет кој вклучува систем за итно кочење, систем за детекција на подвижни објекти, систем за предупредување при напуштање на лентатана движење, како и систем кој предупредува ако има нешто во таканаречената слепа точка. Исто така ќе го добие и NissanConnect системот кој целосно се интегрира со паметен телефон, како и LED предни светла.

nissan-pulsar-front

Во однос на моторите – Nissan Pulsar ќе ги добие истите мотори кои се достапни и кај Qashqai, и ќе се нудат 1.2-литарски DIG-T турбо-бензинец со 115 коњски сили, 1.5-литарски dCi турбо-дизел со 110 коњски сили, а од следната година и 190-коњски, 1.6-литарски турбо-бензинец. Купувачите ќе можат да изберат меѓу мануелен и XTronic автоматски менувач. Новиот Pulsar ќе се прави во фабриката на Nissan во Барселона, а продажбата ќе започне оваа есен.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.