Прва фотографија и прво видео од Mercedes-Benz AMG GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прва фотографија и прво видео од Mercedes-Benz AMG GT!

Започнува откривањето на новиот Mercedes-Benz AMG GT. Германскиот производител објави една затемнета фотографија и едно видео од новото спортско купе!

Според она што го најавуваат од Mercedes-Benz, премиерата на овој автомобил би требало да се случи оваа есен – а тоа значи дека најверојатно серискиот модел ќе го видиме на автомобилскиот саем во Париз. Силуетата најавува автомобил кој ќе биде сличен на SLS AMG – долг преден дел и краток, набиен заден дел со големи, хоризонтално-поставени задни светла – налик на оние кај S-Class Coupe. Веќе знаеме како ќе изгледа ентериерот – но денес за прв пат можеме да видиме како ќе наликува и екстериерот на новото спортско купе на AMG – и за прв пат, можеме да го слушнеме и моторот на овој монструм-во-најава од Mercedes-Benz!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.