full screen background image
Search

Иџе не само што победи, туку и постави нов рекорд во Шпанија!

Најдобриот македонски автомобилист ја оствари третата победа во четвртата трка од натпреварувањето на најбрзите на Стариот континет во групата Н!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја оствари третата победа во четвртата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој на патеката Субида ал Фито на крајниот северозапад на Шпанија во близина на градчето Ариондас во провинцијата Астурија оствари најдобри времиња на сите три трки во групата Н, иако за генералниот пласман важеа двете најдобри возења.

Популарниот Иџе не сакаше да ја повтори грешката од Португалија кога организаторите не обајвија дека ја поништуваат првата трка и сметајќи се за најдобар по двете возења, во третиот настап реши да ги штеди автомобилот и гумите и на крајот наместо прв трката ја заврши како трет. Стефновски во Шпанија патеката долга 5,3 километри ја минуваше за 3.03.150, 3.03.275 и 3.04.791 минути, односно во секое возење имаше четири секунди подобро време од најголемиот конкурент за титулата Чехот Јири Лос (3.07.372; 3.07.432; 3.08.586 минути), додека Шпанецот Серхи Пинела доцнеше по скоро осум секунди во првите две трки (3.11.413; 3.11.998; 3.09.432 минути).

„Многу сум горд и задоволен од постигнатот резултат и од времињата во трите возења, но и затоа што го соборив рекордот на патеката за автомобили од групата Н и во поединечно и во збиротo возењe. Случајно или не, досегашниот рекорд го држеше Словакот Петер Јурена од кого и го набавивме нашето возило. Со постигнатиот резултат практично ги поместив границите на самото возило и тоа на една неверојатно тешка и опасна патека“ – изјави Стефановски.

Поврзано:   Mitsubishi подготви темелно освежување за малиот Space Star

idze-lancer

Трката се карактеризираше со многу судари, излетувања, а во третиот настап голем инцидент имаше и најдобриот европски возач на ридски патеки Симоне Фаџиоли со неговиот болид.Сепак, според зобровите на популарниот Иџе патеката едноставно “му легнала“ и одлично го прилагодил стилот на возење на специфичностите на патеката.

„Уживав во сите возења на Субида ал Фито затоа што патеката навистина го извлече најдоброто од мене. Организацијата беше перфектна, можеби најдобра од сите трки оваа сезона. Имавме голема поддршка од публиката и импресиониран сум од тоа како во овој дел од Европа се доживуваат ридските трки и колку веќе почнаа да не респектираат. Инаку, една од националните телевизии која ќе емитува снимка од трките го одбра моето возило меѓу неколкуте во кои монтираше on board“ камери“ – вели македонскиот автомобилист.

Доминацијата на Стефановски во изминатите четири трки од ЕП во ридски патеки и поставениот рекорд доведоа до трето полувреме на трката во Шпанија.

„По трката жирито и техничката комисија решија да направат вонреден технички преглед на моето возило. Ми направија комплетна проверка дали возилото одговара на правилата на ФИА за групата Н која беше до толку детална што го мереа дури и одот на клиповите, кубатурата на моторот и дијаметарот на цилиндрите.Секако, целата ситуација со проверката беше малку нервозна и напната за нас, но се излезе чисто и по една ваква проверка добивме респект од конкурентите бидејќи резултатите се чисти и не се должат на неспортски елементи“ – додаде Иџе.

Во генералниот пласман води македонскиот ас со 82,5 бодови, пред Лос со 66,5 бодови. Следната трка е на 7 јуни во Чешка.

Поврзано:   Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Македонија


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.