full screen background image
Search

Мало поевтинување на бензините, дизелот останува со иста цена!

Регулаторната Комисија за Енергетика пред неколку минути ги објави новите цени на горивата – кај бензините има мало намалување на цените а дизелот останува со истата цена како и досега!

Согласно нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0.05%. Преведено во цени, тоа значи дека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1 денар и еден литар ќе чини 79 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за половина денар, и еден литар ќе се продава по цена од 81 денар за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува иста и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 67.50 денари.

Ни нас не ни е јасно.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.