Утринска Гимастика: Четири генерации на Seat Ibiza на едно место! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимастика: Четири генерации на Seat Ibiza на едно место!

Скоро 5 милиони примероци продадени во изминативе 30 години – тоа е вистинскиот успех на Ibiza – најважниот модел во историјата на компанијата, па затоа SEAT организираше „состанок“ на сите четири генерации на едно – на Sitges-Terramar тркачката патека во Шпанија!

Sitges-Terramar тркачката патека е вистински легендарно место – патеката е отворена во 1923-тата година со тогашното Шпанско Гран При, и е место кое има многу историја – вистинската локација за овој „состанок“ на сите четири генерации на Ibiza! Автомобилите возеа по патеката и по нејзините свиоци – и дел од настаните беше и првата Ibiza која воопшто излега од фабриката во 1984-тата година!

Погледнете како сите четири генерации на Ibiza се забавуваат на прекрасната, но напуштена тркачка патека!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.