full screen background image
Search

Основан македонскиот клуб на сопственици и обожуватели на Mercedes-Benz!

Со радост и задоволство можеме да кажеме дека и официјално е основан македонскиот клуб на сопственици и обожуватели на автомобилите кои ги краси трокраката ѕвезда!

Почетоците на клубот се врзуваат со почетокот на 2014-тата година. Инспирација била да се направи нешто каде што ќе можат сите оние што ја сакаат марката на автомобили со трокрака ѕвезда да можат меѓусебно да комуницираат и да споделуваат искуства. Почетоците беа на социјалните мрежи – поточно на Facebook, но понатаму прерасна во вистински клуб – за што ние од срце им честитаме!

Во споменатата група луѓето сосема бесплатно имаат можност да прашаат сè што е поврзано со автомобилите на Mercedes-Benz, да споделат искуства, да огласат тоа што сакаат да продадат или купат, да прашаат нешто и да добијат одговор од професионалец од таа област, итн. Целта е да се води општ дијалог на тема Mercedes-Benz а исто така во таа група се присутни разни претставници од форуми и списанија од областа на автомобилизмот кои во групата ги споделуваат новитетите од автомобилската индустрија – меѓу кои и CARclub.

Од тие причини е формирано и здружение со истото име како и споменатата Фејсбук група – „Мерцедес-Бенз Клуб Македонија“ со седиште во Охрид регистрирано како Здружение во Централниот Регистар на РМ. Намерите на клубот се да соработуваат и да се дружат и со други слични организации на љубители на Mercedes-Benz од соседството и од светот воопшто, па потребно е во нивното име да стои и зборот Македонија како едно појаснување за да се знае од каде е потеклото на клубот.

Поврзано:   Mercedes-AMG GLA и CLA 35 пристигнаа во Македонија!

Целите и задачите на Здружението Mercedes-Benz Клуб Македонија, произлегуваат од општите потреби на членовите на здружението. Во него може да членуваат не само сопственици на Мерцедес автомобил туку и сите љубители и потенцијални купучи на споменатата автомобилска марка.

Клубот планира организирање на заеднички средби и дружења на сите заљубеници во спомената марка во која што покрај изложувањето на сопствените автомобили, би се извршило и едно хронолошко предавање од самите почетоци на производство на споменатиот автомобилски бренд, од неговите зачетоци, како настанала компанијата па се до презентација на најновите модели на Mercedes-Benz. Потоа во соработка на Генералниот застапник за Македонија би вршеле презентација на најновите технолошки достигнувања од сферата на управувањето, дизајнот и општо, сите новитети кои ги имаат најновите модели на Mercedes-Benz.

CARclub им посакува среќа на фановите на Mercedes – и ви препорачуваме да ја посетите нивната веб-страница!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.