full screen background image
Search

Rezvani Motors Beast – Автомобил базиран на Ariel Atom со 500 коњски сили!

Автомобилот кој е базиран на Ariel Atom може да го нарачате со 300 или 500 коњски сили – и среќно да голтате мушички додека возите многу, многу брзо!

Во ред – Beast на Rezvani Motors доаѓа со предно ветробранско стакло, но тоа се вади и доколку сте вистински љубител на екстремното возење можете да го извадите и да уживате во сето она што еден ваков автомобил може да го понуди.  Сега за сега, во понудата ќе се најдат две верзии – Beast 300 со турбо-полнет 2-литарски бензинец со 300 коњски сили, а еден чекор погоре е Beast 500 со компресорски 2.4-литарски бензинец кој испорачува (погодувате) 500 коњски сили. Нема точни информации за перформансите, но со оглед на тоа дека е базиран на Ariel Atom, очекуваме Beast да е навистина брз.

Првите, Launch верзии ќе чинат $99.500 за Beast 300, односно $124.900 за Beast 500. Кога ќе заврши промотивниот период, цените ќе се накачат на $119.000 односно $139.000 долари. Кој рече дека задоволството е евтино?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.