full screen background image
Search

Објавени новите цени на горивата – бензинот и дизелот поскапуваат!

Со еден ден задоцнување заради празниците, Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, повисоки цени на горивата.

Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на горивата се  зголемуваат во просек за 1.18%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 1.50 денари и овие горива ќе се продаваат по цена од 79.50, односно 81.00 денари за еден литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар и цената на ова гориво ќе биде 67 денари за еден литар гориво.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.