full screen background image
Search

Официјално: Volkswagen New Midsize Coupe – Практичност и елеганција!

Новиот Volkswagen New Midsize Coupe купе-седан е интересно проширување на гамата на Volkswagen Jetta кое покрај привлечниот дизајн ќе нуди и одлична практичност.

Volkswagen New Midsize Coupe (или NMC за скратено) е интересен нов експеримент во гамата на Volkswagen Jetta. Концептот е поставен на MQB-B платформата, што значи дека е поширок од својот поголем брат – Passat – но истовремено е пократок и понизок од Volkswagen Jetta. Сепак, и покрај малку несекојдневните димензии, концептот нуди одлична практичност во форма на багажен простор со зафатнина од одлични 500 литри – и истовремено има одличен коефициент на отпор на воздух од само 0.29 Cd.

Моторизацијата доаѓа во форма на 2-литарски TSI мотор кој испорачува 220 коњски сили кои се пренесуваат кон предните тркала преку 7-степен DSG менувач. Благодарение на ова, NMC забрзува до 100 километри на час за 6.5 секунди и постигнува максимални 244 километри на час. Според Volkswagen, потрошувачката на NMC изнесува само 6.4 литри на 100 изминати километри. Сега за сега нема официјални планови за сериско производство, но ние навистина би сакале да го видиме овој модел и во нашите салони.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.