full screen background image
Search

Formula 1 – Shanghai GP: Повторена и потврдена доминацијата на Mercedes!

Сребрените болиди на Mercedes-Benz стигнаа до првото и второто место во Кина – на највисокото место на подиумот се најде Hamilton, зад него се Rosberg и Alonso!

Ова беше 25та победа во кариерата на Hamilton, со што тој го престигна легендарниот Juan Manuel Fangio и се изедначи со успесите на Niki Lauda  и Jim Clark. Исто така, ова беше трета победа на Hamilton во Кина. Дополнително, успехот на Mercedes го зајакна одличното второ место на Nico Rosberg кој и покрај лошиот старт успеа да стигне до втората позиција, но цели 18 секунди позади својот тимски колега. Rosberg сега за сега сè уште е во водство во генералниот пласман, но со мала предност од само четири поени.

china-gp

На третото место се најде Fernando Alonso од Ferrari кој успешно успеа да го задржи зад себе Daniel Ricciardo од Red Bull. Ricciardo му ги мешаше сметките на својот тимски колега Vettel од самиот почеток, што резултираше со тимска наредба Ricciardo да биде пропуштен. Vettel јасно го изрази своето незадоволство со ваквата одлука, но на крајот веќе не можеше ништо да прави за да го задржи Ricciardo зад себе. Nico Hulkeberg и Segrio Perez од Force India завршија на шесттото и деветтото место, додека Valtteri Botas и Kimi Raikonnen беа меѓу нив. Jenson Button заврши 11-ти а Massa 15ти во својот Williams. Felipe Massa имаше навистина разочарувачки ден – навистина лош влез во боксот го испрати на крајот откако имаше добар старт и стигна до шесттата позиција.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.