Вечерно Кино: Eкспресно искачување по скијачки патеки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Eкспресно искачување по скијачки патеки!

Професионалниот скијач Џон Олсон ги искуси снежните патеки во Сторлиен, Шведска во спротивна насока со неговиот приватен тркачки автомобил Rebellion R2K.

Со болидот тежок 1000 килограми и сила од 600 коњски сили тој ќе учествува на овогодишната Gumball 3000 тура, a видеото служи како реклама за неговиот главен спонзор Betsafe. Бидејќи погонот е само на задните тркала, речиси во текот на целото искачување автомобилот вози странично, а тоа го прави видеото да биде уште повозбудливо.

Погледнете го ова интересно и невообичаено возење, и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.