WRC: Sébastiеn Ogier и Julian Ingrassia победија во Португалија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Sébastiеn Ogier и Julian Ingrassia победија во Португалија!

Возачот на Volkswagen Motorsport стигна до уште една победа, овој пат во Португалија и го зголеми водството во генералниот пласман!

Ogier со неговиот Polo WRC стигна до победата со убедливо водство од 43.2 секунди пред Mikko Hirvonen со Ford Fiesta RS, а на третата позиција се најде Mads Ostberg со Citroen DS3 WRC, кој „задоцни“ дополнителни 29.2 секунди.  Ogier освои уште три дополнителни поени со постигнувањето на најдобро време на Loule Power Stage делницата. Два поени таму освои неговиот тимски колега Jari-Matti Latvalla, a Ostberg го зема финалниот поен.

По крајот на оваа трка нема да има измени на редоследот во генералниот пласман – на првото место останува Ogier, на второто место е тимскиот колега Latvalla, а на третото место останува Mads Ostberg. Сепак, возачите на Volkswagen имаат значително водство а меѓу нив има прилично мала разлика.

Следното рели ќе се вози во Аргентина на почетокот на Мај, а во продолжение ви нудиме неколку видеа од случувањата овој викенд, вклучувајќи и видео од незгодата на Jari-Matti Latvalla.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.