Bentley го потврди својот SUV, продажбата започнува во 2016! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bentley го потврди својот SUV, продажбата започнува во 2016!

Откако контраверзниот SUV на Британскиот производител на луксузни автомобили предизвика измешани реакции од јавноста, Bentley го редизајнираше својот SUV и ја најави неговата продажба!

Концептот кој се појави пред две години изнуди позитивни, но и негативни реакции од јавноста а особено од потенцијалните купувачи. Негативните реакции не ги обесхрабрија челниците, но и инженерите и дизајнерите на Bentley, па тие го официјализираа својот нов SUV. Сега за сега немаме никакви податоци, освен првата и единствена објавена фотографија.

Сепак, според објавата на Bentley, нивниот SUV ќе биде најлуксузниот и најмоќен SUV на пазарот и ќе се издвојува од сите други конкуренти благодарение на најважните карактеристики  на брендот – а тоа се луксузот, перформансите, квалитетот и вештините потребни за да се направи едно вакво возило.

Со оглед на овие изјави, можеме да шпекулираме дека големиот SUV ќе биде придвижуван од еднакво големиот 6-литарски W12 мотор.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.