Јапонскиот производител го најавува братот-близнак на новите Peugeot 108 и Citroen C1.
Не можеме да видиме многу, но можеме да препознаеме модерен дизајн и интересни детали кои влечат корења од некои од концептните возила на брендот. Интересно е што гледаме и дел од ентериерот на малото градско возило – Peugeot сè уште ги крие деталите за ентериерот на 108.
Наскоро ќе знаеме повеќе, но сега за сега го имаме само ова видео.