Porsche ја паузира продажбата на 911 GT3 заради запалени возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche ја паузира продажбата на 911 GT3 заради запалени возила

Германскиот производител на спортски возила ја паузира продажбата на моделот 911 GT3 заради два посебни инциденти каде дошло до запалување на автомобилите.

Веќе е започната истрагата околу овие несреќни случаи. Официјално се признаени два случаи на запалување на возила, но според некои извори се шпекулира дека проблеми се пријавени кај вкупно пет возила. Со цел да ги заштити своите купувачи Porsche ја паузираше продажбата на 911 GT3 додека да открие точно каде е проблемот и соодветно да го отстрани. Се очекува истрагата да заврши до крајот на оваа седмица, кога очекуваме Porsche да излезе со официјална објава околу проблемот.

Во моментов инженерите на Porsche ги анализираат остатоците од двете возила – по едно од Швајцарија и Италија за да дојдат до точната причина за настанатиот пожар. Оваа година се испорачани 322 примероци од овој модел и импресионирани сме од брзата реакција на Германците.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.