Volkswagen Amarok Polar Expedition е првиот шампион на ЗОИ 2014 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Amarok Polar Expedition е првиот шампион на ЗОИ 2014

Пред година дена Volkswagen го создаде снежниот теренец Polar Expedition Amarok за да ги промовира Олимписките Игри во најтешко достапните места во Русија, па во истиот подвиг постави и нов Гинисов рекорд.

Volkswagen групацијата сериозно ја сфати улогата за официјален партнер на Зимските Олимписки во Сочи, а покрај тоа што го снабди настанот со над 3,000 возила од брендовите на Volkswagen, Audi и Skoda, создаде три уникатни примероци базирани на Amarok. Трите модели беа направени да однесат девет лица на 16.000 километри долга експедиција од Москва до Петропавловск-Камчатски на полуостровот Камчатка. Ова 66 дневно патување го закити тимот со Гинисов Светски Рекорд за најдолго теренско патување низ само една држава.

volkswagen-amarok-polar-expedition-5-1

Специјалните примероци на Amarok биле опремени со голем број надградби за да ги совладаат ладните предизвици и недостатокот од патишта. Тимот ги заменил предната и задната суспензија со подолги и поцврсти амортизери, а исто така се додадени масивни рапави тркала за полесно возење низ нерамнините од длабок снег и мраз. Покрај тоа што браниците и страничните крила се засечени за да ги вдомат огромните тркала, каросеријата не претрпела други модификации. Уште еден дел кој бил оставен во фабричката состојба бил 2.0-литарскиот турбо-дизел агрегат, бидејќи нивната цел била издржливоста, а не брзината. За поголема сигурност, во ентериерот бил монтиран заштитен кафез, а тука била и додатна опрема за навигација за да бидат сигурни дека тимот нема да се изгуби.

Доколку Mercedes-Benz успее да пронајде начин како да го понуди на пазарот G63 AMG 6×6, тогаш Volkswagen дефинитивно мора да најде начин да понуди вистинска верзија од Amarok Polar Expedition на купувачите.

Поврзано:  Новиот Volkswagen Tiguan пристигна во Македонија!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.