Професионалниот возач Рајан Трк го започна тестирањето на новите измени на неговиот тркачки автомобил на прекрасен кривулест пат со благи свиоци во Орегон.
Ова се дел од неговите подготовки за новата сезона од Formula Drift во која ќе настапи со истиот Scion FR-S, кој го возеше и минатата сезона, погонуван од 2JZ агрегат, но засилен на 830 кс. Тој во видеото се прилагодува на новите измени на автомобилот, а потоа неговиот колега Роб Примо му се придружува за дрифт во тандем.
Опуштете се и зголемете ја јачината на звукот!