BMW го претстави освежениот X3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го претстави освежениот X3!

Помалиот брат на големиот X5 го доби својот фејслифт, кој освен затегнување на брчките ќе добие и нов дизелски мотор со 190 коњски сили!

Веднаш воочливи се новите светлосни структури, новата маска на ладилникот како и редизајнираниот преден браник. Нов заден браник, нови странични ретровизори, како и избор на нови бои и фелни го комплетираат новиот надворешен изглед. Благодарение на фејслифтот, сега X3 е во линија со останатите  X-модели на BMW, како и останатите модели во целата гама.

Во внатрешноста се користени нови материјали на неколку локации, но ништо навистина драстично. Освежениот X3 го добива и најновиот iDrive, како и неколку нови пакети на опрема.

Она што е навистина интересно е новиот 2-литарски турбодизел кој испорачува 190 коњски сили. Тој нуди 6 коњски сили повеќе од претходникот, но во комбинација со автоматски менувач е 7.1% поекономичен – и може да троши само 5 литри на 100 изминати километри. Во зависност од пазарот, X3 ќе се нуди со четири турбодизелски и три бензински мотори. Најслабиот е 150-коњскиот xDrive18d, а најмоќен е 313-коњскиот xDrive35i со турбо-полнет шест-цилиндерски бензинец.

Интересен детал е дека во Велика Британија, новиот X3 ќе се нуди исклучиво со дизел мотори.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.