Се појавија првите официјални фотографии од компактниот кросовер на Citroen – C4 Cactus. Интересниот и „фанки“ дизајн кој го видовме кај концептното возило е пренесен и кај серискиот модел
Неодамна, Citroen претстави неколку најавни фотографии за овој модел. Како и концептот на компактен кросовер, кој нудеше несекојдневен дизајн, така и серискиот модел нуди вистинска свежина во сегментот.
Интересно е што C4 Cactus ги задржува скоро сите дизајнерски елементи од својот концепт, па тоа го прави уште поинтересно возило. Тука ќе ги нагласиме „воздушните перничиња“ на вратите, како и заштитната гума на задниот дел од автомобилот.
Сеуште нема официјални информации за C4 Cactus и неговиот погон, но би требало да го видиме на саемот во Женева, кога ќе имаме и повеќе детали.