Porsche ја отвори сезоната – и освои победа во GTLM-класата во Daytona! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche ја отвори сезоната – и освои победа во GTLM-класата во Daytona!

Натпреварувачката сезона на Porsche започна со победа на престижната трка 24 Часа Daytona!

Фабричкиот тим на Porsche победи во Флорида со моделот Porsche 911 RSR во многу конкурентната GTLM класа на спортски автомобили. Porsche е најуспешен производител во историјата на овие трки, а досега во книгата на рекорди запиша 76 победи во класата и 40 победи на моделот Porsche 911. Трката 24 часа Daytona е вовед во новиот шампионат Tudor United SportsCar кој е наменет за САД и Канада.

52-рото издание на трката 24 Часа Daytona означува почеток на една нова ера за Porsche. На шампионатот Tudor United SportsCar тимот на Porsche за прв пат, на овие Северно-американски трки ќе настапи под знамето на новоформираниот тим „Porsche Северна Америка“, а првата трка беше целосно успешна за брендот.

По долгата ноќ во Daytona, Porsche 911 RSR со стартен број 911 беше во водство а зад воланот во тој момент беше францускиот возач Patrick Pilet. Вториот 911 RSR тркачки автомобил со стартен број 912, беше управуван од Patrick Long (САД), Michael Christensen (Данска) и Joerg Bergmeister (Германија). Тркачкиот автомобил со 470 КС е всушност седма генерација на легендарниот 911 спортски автомобил, а со своето деби минатата сезона оствари и брилијантна двојна победа на 24 часа Ле Ман во GTE-Pro класата.

Севкупната победа во Daytona му припадна на тимот на Chevrolet и нивната Corvette.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.