Претставен Европскиот Jeep Cherokee – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Европскиот Jeep Cherokee

Jeep Cherokee веќе се продава во Соединетите Американски Држави, но сега ги имаме официјалните податоци и малите измени на верзијата за Европскиот пазар.

Секако, дизајнот е сеуште поларизирачки, но има неколку ситни и незначителни измени за Европскиот пазар. Најважни се двата нови дизел мотори кои ќе бидат внесени во понудата.

Во понудата ќе се најдат моќниот 2.0 Multijet II турбодизел кој развива 170 КС и 35о Nm вртежен момент. Тука како стандардна опрема доаѓа и Старт&Стоп системот и 9-степениот автоматски менувач кој за прв пат се користи во оваа класа. Во новата понуда е и послабата верзија на овој мотор која развива 140 КС и сќе се нуди со 6-степен рачен менувач.

Понудата на бензински мотори останува иста како онаа во САД – 3.2 литарскиот Pentastar V6 мотор кој има моќност од 272 КС и 2.4 литарскиот Tigershark Multiair мотор кој развива 177 КС. Секако останува опцијата за погон на сите или само на предните тркала.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.