Peugeot 308 SW доаѓа во Женева, ќе нуди 610 литри багажен простор! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 308 SW доаѓа во Женева, ќе нуди 610 литри багажен простор!

Привлечниот Peugeot 308 наскоро ќе ја добие и својата караванска изведба, која ќе ја носи ознаката SW и ќе нуди импресивни 610 литри багажен простор!

Навистина ни се допаѓа новиот 308 – неговите чисти и јасни линии некои би ги нарекле конзервативни, но ние сметаме дека се привлечни и класично убави. Сигурни сме дека ова ќе биде еден од оние модели на Peugeot за кои ќе зборуваме далеку во иднината.

Францускиот производител ја проширува гамата на 308 со неговата караванска изведба која очекувано ќе го носи името SW. Филозофијата на чист и елегантен дизајн продолжува и тука, со додадената практичност на понудените 610 литри багажен простор – 5 литри повеќе од Golf Variant, но 14 литри помалку од Civic Tourer. За да се добие оваа импресивна зафатнина, автомобилот „порасна“ во должина од 4253 на 4580 милиметри.

peugeot-308-sw-front

Моторите ќе бидат истите како и кај хечбекот, вклучувајќи го и BlueHDI моторот кој има емисија од само 85 грама CO2 на изминат километар. Благодарение на EMP2 платформата која е основа и за хечбекот, новиот 308 SW е до 140 килограми полесен од својот претходник.

308 SW ќе ја има својата премиера на автомобилскиот саем во Женева кој е закажан за 6-16ти Март оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.