full screen background image
Search

Carlos Sousa води на Дакар, одличен прв ден за Great Wall, Honda и Kamaz!

Португалецот Carlos Sousa победи на првата делница на легендарниот Dakar зад воланот на Great Wall Hover. До победи стигнаа и Joan Barreda со Honda и Mardeev со Kamaz!

Carlos Sousa изјави дека всушност брзал за да излезе од автомобилот кој поради дефект дувал топол воздух и песок во возачката кабина. Според него, температурата во кабината достигнала до 70 степени Целзиусови и имале проблеми со дишењето. „Причината поради која возев толку брзо беше за да излезам од тој пекол“ – изјави Souza – „Патевме како кучиња за да ја освоиме оваа победа.“ Тој ја извозе првата натпреварувачка делница од 180 километри за 2 часа, 20 минути и 36 секунди.

Stephane Peterhansel, кој оваа година ќе се обиде да ја одбрани третата последувателна титула меѓу автомобилите на Dakar (и негова шестта во автомобил, по освоените шест на моторцикл) имаше проблем со дупната гума, па заврши на шесттото место со закаснување од 4 минути и 12 секунди зад Sousa. На второто место е Orlando Terranova од Аргентина, а на третото место е Nasser Al-Attiyah, и двајцата во Mini.

barreda-dakar

Прв меѓу моторџиите е Joan Barreda со Honda, со време од 2 часа, 25 минути и 31 секунда. Зад него се Marc Coma и Cyril Despres. Меѓу камионите прв е Mardeev во Kamaz, кој натпреварувачката делница ја извозе за 2 часа, 46 минути и 52 секунди.

Оваа година вкупно 431 возила ќе се натпреваруваат на Dakar.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.