Дакар продолжува да зема животи – загинаа еден учесник и двајца известувачи – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дакар продолжува да зема животи – загинаа еден учесник и двајца известувачи

Најтешкото рели во светот продолжува да го зема својот данок – загина Белгискиот моторциклист Eric Palante, а ден пред тоа животот го загубија двајца известувачи кои го следеа релито.

Првиот (и се надеваме единсвениот) натпреварувач кој годинава го изгуби животот на Дакар е Белгискиот моторциклист Eric Palante. Ветеранот на Дакар на кој ова му беше 11-то учество на легендарното рели не го заврши натпреварувањето во четвртокот. Организаторите загрижено почнале да го бараат, и неговото тело било пронајдено по патеката. Нема официјално објаснување за неговата смрт.

Ова не е прва смрт оваа година – пред неколку дена своите животи ги изгубија и двајца набљудувачи на релито – 19-годишниот Agustin Ignacio Mina и 51-годишниот Daniel Eduardo Ambrosio. Според некои извори, обајцата работеле како известувачи од релито.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.