Carlos Sainz освои историска победа за Audi на Dakar 2024! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Carlos Sainz освои историска победа за Audi на Dakar 2024!

Борбата за севкупната победа на овогодинешното Рели Дакар е конечно одлучена – титулата оди во рацете на Carlos Sainz и Audi!

По безмалку 8000 поминати километри и со уверливо водство од еден час и дваесет минути, титулата во категоријата автомобили на овогодинешниот Дакар оди во рацете на тимот на Audi и легендарниот Carlos Sainz. „Со нашиот револуционерен електрифициран погон, го надминавме еден од најголемите предизвици во моторспортот по само три години. Со оваа победа продолжуваме долга серија на пионерски успеси кои се карактеристични за Audi во изминатите четири декади на моторспорт.“ – изјави Oliver Hoffman кој е член на одборот на Audi. Audi се бореше со Toyota и Ford како и со искусните конкуренти од Prodrive.

Сепак, на крајот титулата отиде во рацете на 61-годишниот Carlos Sainz и неговиот совозач Lucas Cruz. Ова е четврта победа на Sainz, а прва победа за Audi во оваа категорија. На крајот, Audi имаше цели час и 20 минути подобро време од второпласираниот Giullame de Mevies кој беше зад управувачот на Toyota. Audi ќе се повлече од Dakar по оваа година, па може да се каже дека победата на Dakar е вистински крунски успех.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.