full screen background image
Search

Неколку интересни факти за BMW i3

Малиот електричен автомобил на BMW – i3 – е направен од карбонски влакна, но дали знаете и за другите технолошки достигнувања на овој футуристички модел?

Целта на BMW i3 е да ги привлече широките маси кон возење на електричен погон. Може да изберете помеѓу целосно електрично возило, или Range Extender (REx) модел кој доаѓа со бензински мотор кој ги полни батериите. Можете да го надгледувате статусот на полнењето преку уникатна апликација на вашиот паметен телефон, развиена од BMW.

bmw-i3-london

BMW повторно го откри моноволуменот! Автомобилот кој е тежок само 1195 килограми има шасија од карбонски влакна, шупливи погонски оски и суспензија од алуминиум. Големи но „слабички“ 19-инчни алуминиумски фелни помагаат да се намали триењето и отпорот на возудх, а самите тркала се 36% полесни од традиционалните. Дрвото кое се користи во ентериерот е од одржливи, односно обновливи шуми!

bmw-i3-interior

Обата модели на i3 користат 168-коњски електричен мотор кој истовремено испорачува 250 Nm вртежен момент. Потешкиот, REx модел има малку послаби перформанси и е 0.7 секунди поспор од електричниот модел до 100 километри на час, на кој му требаат 7.2 секунди. Максималната брзина кај обата модели изнесува 150 километри на час.

Целосно-електричната верзија останува без „гориво“ по околу  140-160 километри, но бензинскиот мотор кој ги полни батериите на REx моделот овозможува зголемување на функционалниот опсег на 300 километри. Полначот кој се вградува во вашиот дом може да наполни 80% од капацитетот на батериите за три часа. Приклучен на „обична“ струја, за овој процес се потребни 8-10 часа.

bmw-i3-plug

Цената на BMW i3 во Германија започнува од околу 35.000 евра, додека REx моделот е околу 5.000 евра поскап. Секако дека можете да го купите и на лизинг, и да плаќате одредена месечна рата. Доколку се зачлените во Access клубот на BMW, тогаш ќе можете да позајмите заменско возило од BMW доколку одите на подалечно патување. BMW X5 за вашиот годишен одмор, господине?

Поврзано:   Manhart го засили BMW M5 на 815 кс со новиот MH5 800 пакет

bmw-i3-party



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.