Chevrolet објави филмско промотивно видео за новиот Corvette Stingray, во кое автомобилот е прогонуван од летечки објект во форма на раја.
Рекламното видео прикажува агресивно возење на Corvette автомобил низ градските улици со неидентификуван летечки објект кој го следи на секој чекор. Тој неслучајно има форма на раја, бидејќи токму тоа значи преводот од името Stingray. Покрај разните возачки егзибиции, тука може да се видат и преобразби кои многу потсетуваат на филмот Transformers.
Погледнете за што се работи и уживајте!