Manhart подготви BMW M6 со 743 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Manhart подготви BMW M6 со 743 коњски сили!

Тјунираниот модел ја носи ознаката MH6 700 и може да се пофали со 743 коњски сили, 950 Nm вртежен момент, како и визуелен третман!

Благодарение на „дотерувањата“ на моторот, веќе импресивните 553 коњски сили и 680 Nm вртежен момент сега се навиени на 743 коњски сили и 950 Nm вртежен момент. Немаме официјални податоци за забрзувањето, но знаеме дека максималната брзина сега изнесува 320 километри на час!

Покрај тјунираниот мотор, MH6 700 може да се пофали и со спортски катализатори и систем за дишење, како и уникатни лонци кои гарантираат спортски звук и карактер. За подобро прилепување кон подлогата, MH6 700 е поставен на нагодливи KW амортизери, како и големи 21-инчни тркала. За визуелното дотерување задолжени се додатоци од јаглеродни влакна.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.