Loder1899 ја засили Fiesta ST на 232 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Loder1899 ја засили Fiesta ST на 232 кс

Тјунинг компанијата Loder1899 разви нов пакет за подобрување на перформансите кај Fiesta ST, кој ја зголемува силата за 51 кс, а вртежниот момент за 95 Nm.

За да ги исцрпи овие бројки од 1.6-литарскиот тубро-бензински агрегат, тјунерската куќа го опремила автомобилот со нов интеркулер, издувен систем, репрограмирање на компјутерската единица и спортски катализатор. Резултатот се 232 кс и 335 Nm вртежен момент, доволни за забрзување од место до 100 км/ч за 6.5 секунди, што е 0.4 секунди побрзо од стандардниот модел. Максималната брзина е зголемена за 15 км/ч на 235 км/ч, додека просечната потрошувачка на гориво е речиси иста, со 6 литри на 100 километри.

Loder1899 нуди и подобар систем за сопирање, пониска суспензија и два модели на алуминиумски фелни. Тјунерот не го променил изгледот на Fiesta ST, но нуди боди кит за стандардните модели на Fiesta. кој содржи нов браник, странични прагови, фелни и заден дифузер со интегриран издувен систем.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.