Добро утро – се надеваме веќе сте будни и погледнавте низ вашиот прозорец кон снегот. Погледнете како сопствениците на Tesla Model S ќе се справуваат со снегот!
Доколку би имале ваков автомобил, тогаш додека вие го пиете вашето утринско кафе и се спремате за на работа, со апликацијата во вашиот автомобил ќе си уклучите греење во него, а потоа врвната технологија безбедно ќе ве однесе на работа.
Но, доколку ја немате таа среќа да возите Tesla Model S, тогаш ви препорачуваме да прочитате неколку совети за возење на снег, а доколку има некој кој сеуште е во дилема дали да купи зимски гуми тогаш погледнете тука.
П.С. А доколку уште не знаете како се местат ланци за снег, ве потсетуваме и на тоа!