Nissan пред само неколку минути ги објави првите детали околу новиот Nissan GT-R Nismo. Новиот знаменосец носи технологија развиена на тркачките патеки и нови аеродинамични подобрувања!
Она што на прв поглед се забалежува е новиот, агресивен бодикит кој го носи Nismo изданието на GT-R. Според инженерите на Nissan, при 300 километри на час овој бодикит носи дополнители 100 килограми поттисна тежина, за да се зголеми стабилноста и управливоста при овие високи брзини.
Под поклопецот на моторот се наоѓаат две турбини кои се користат и во GT3 трките, а 3.8-литарскиот VR38DETT V6 мотор дополнително е подобрен благодарение на искуството кое Nissan го има добиено токму во овие трки, но и на легенарата 24-часовна трка на Nurburgring. Силата на моторот е зголемена и сега тој нуди 591 коњска сила и 652 Nm вртежен момент.
Како и моторот, и шасијата носи низа подобрувања – суспензијата е подобрена и модернизирана, а новите Bilstein DampTronic нагодливи амортизери нудат три режими на работа – Comfort, Normal и R. Последниот режим – R – е наменет за употреба токму на тркачката патека. Дури и гумите кои ќе ги носи GT-R Nismo се ексклузивно развиени токму за овој модел и се дело на Dunlop. Напред GT-R Nismo носи пневматици со димензии 255/40 ZRF20, додека на задната оска носи пневматици со димензии 285/35 ZRF 20.
Како и екстериерот, и ентериерот е дотеран со уникатни детали кои ја истакнуваат специфичноста на моделот. Вниманието највеќе го задржуваат Recaro тркачките седишта, но низ целиот ентериер се проткајуваат детали кои го нагласуваат спортскиот карактер на автомобилот.