Honda го најавува новиот Civic Type R со 280 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda го најавува новиот Civic Type R со 280 коњски сили!

Honda дискретно го најави новиот Civic Type R без никаква камуфлажа, но во дискретна мат црна боја. Новиот Civic Type R ќе има 2-литарски турбо-бензинец со 280 коњски сили!

Новиот Civic Type-R ќе биде првиот модел на Honda кој во Европа ќе се нуди со еден од новите турбо-бензински мотори со VTEC технологија. Конкретно, моторот во Civic Type-R ќе биде со зафатнина од 2 литри и ќе испорачува одлични 280 коњски сили. Honda веќе најави дека сака да го пробие рекордот на Nurburgring за возило со погон на предните тркала кој го држи Renaultsport Megane 265 Trophy и изнесува  8:07.97.

Она што е веќе најавено е дека е доработена шасијата на Civic Type-R како и суспензијата, а автомобилот ќе добие и нови големи сопирачки кои ќе бидат покриени со големи, 19-инчни тркала од лесна легура. Дополнително, за подобрување на аеродинамиката, Civic Type-R ќе добие и спортски бодикит – нов преден браник со поголеми отвори за воздух, странични прагови, голем заден спојлер и нов заден браник со интегрирани двојни завршетоци на издувниот систем – спортската ДНК е повеќе од присутна.

Истовремено, Honda ги најави и новите VTEC Turbo мотори со зафатнина од 1, 1.5 и 2 литри. Најголемиот ќе се најде кај Civic Type-R, додека другите ќе го најдат своето место кај другите модели на Honda. Најмалиот со зафатнина од 1 литар ќе биде со три цилиндри, а другите два се со четири цилиндри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.