full screen background image
Search

Претставено најновото, трето „ново“ Mini!

Mini ја претстави најновата, трета генерација на еден од најпопуларните модели на планетата – и тоа во Cooper и Cooper S изведба!

Како и досегашните нови интерпретации на Mini, и новото не е нешто особено „мини“. Новото Mini е 98 милиметри подолго, 44 милиметри пошироко и 7 милиметри повисоко од досегашниот модел, но истовремено нуди и 211 литри багажен простор – 51 литар повеќе од досега! Истовремено, и меѓуоскиното растојание е 58 милиметри подолго од досега. Според овие бројки, новото Mini ќе нуди значително повеќе простор, како и за патниците, така и (колку-толку) повеќе простор за нивниот багаж.

Она што е вистинско изненадување е дека за прв пат во ново Mini ќе се нуди 3-цилиндерски агрегат. Моторот (секако) е со потекло од BMW, со турбополначн и зафатнина од 1.5 литри. Овој мотор ќе испорачува 136 коњски сили кај Cooper верзијата, доколку за Cooper S е задолжен 2-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува 192 коњски сили. Интересно, и Cooper D ќе биде со три-цилиндерски мотор, овој пат турбо-дизел, но повторно со зафатнина од 1.5 литри. Овој мотор ќе испорачува 116 коњски сили. Сите мотори се опремени со модерна технологија за намалување на потрошувачката, меѓу која се наоѓа и старт-стоп систем. Најекономичен секако ќе биде дизелот, кој ветува потршувачка од 3.5 литри на 100 изминати километри. Најбрз, секако е Cooper S кој забрзува до 100 километри на час за 6.8 секунди.

Од надвор, и новиот Mini е еволуција на досегашните модели. Барем на фотографиите некои од деталите изгледаат малку комично предизајнирани и преголеми, но ќе причекаме да го видиме во живо пред да дадеме конкретно мислење.

Поврзано:   Manhart GP3 F350 Mini JCW GP има комплицирано име и 350 коњски сили

Во внатрешноста повторно доминира големиот кружен централен дисплеј, но овој пат ќе нуди и Mini Head Up Display кој ќе проектира податоци директно на ветробранското стакло. Ентериерот е дизајниран во типичен Mini стил, со привлечни и интересни форми, квалитетни материјали и модерни интерпретации на ретро-линиите на оригиналниот Mini.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.