full screen background image
Search

Галерија на денот: Мис Тјунинг Календар 2014

Новиот Miss Tuning календар за 2014 година е достапен за нарачка, а дванаесетте месеци ги красат фотографии во кои главна улога имаат една прекрасна блондинка и неколку интересни автомобили.

Русокосата убавица е мисицата од тјунинг фестивалот во Бодензее, Леони Хагмејер Рејингер, додека локациите во позадина се различни места низ главниот град на Унгарија, Будимпешта. Автомобилите кои се искористени се дотерани примероци на Datsun 360Z, Nissan Skyline, Ford Mustang, Corvette Stringray, Rat Rod, VW Beetle и Corrado.

Фотографиите се дело на познатиот фотографер Макс Сим, а календарот може да се нарача на официјалната веб страна на Tuning World Bodensee по цена од 25 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.