Први фотографии од BMW M235i Coupe! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од BMW M235i Coupe!

Наследникот на BMW 1-Series Coupe ќе се вика BMW 2-Series, а денес се појавија првите фотографии од најспортската изведба која ќе се вика М235i!

Она што со сигурност го знаеме е дека напред ќе се најде 3-литарски турбо бензинец кој испорачува 320 коњски сили и 420 Nm вртежен момент. Преносот е кон задните тркала, а можеме да очекуваме слични перформанси како кај M135i, односно 100 километри на час за 4.8 секунди со автоматски менувач или 5 секунди со мануелен, и електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час.

Нам ни изгледа одлично, особено однапред. Очигледно дизајнерите ја увидоа грешката која ја направија кај моменталниот 1-Series па решија купето со ознака 2 да носи нова маска, која сигурни сме дека ќе се најде и кај серијата 1 во блиска иднина. Во секој случај, M235i е најбрзиот модел додека да се потврди официјален M2.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.