Утринска гимнастика: Дизајнерските детали на Porsche 911 50th Anniversary Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска гимнастика: Дизајнерските детали на Porsche 911 50th Anniversary Edition

Porsche годинава го прославува 50-тиот роденден на моделот 911, па за тоа ја подготви и специјалната изведба подготвена во чест на овој јубилеј.

Во ова кратко но интересно видео, менаџерот за дизајн на Porsche, Tony Hatter зборува за сите детали од изминатите 50 години кои се внесени во дизајнот на сегашната 911-ка. Интересно е да се забележат малите ситници кои влечат потекло уште од првата генерација на 911 а се присутни во оваа специјална изведба во чест на 50-тиот роденден на еден од најпопуларните и најдобро познатите модели на планетата.

Само 1963 примероци ќе бидат направени (погодете зошто?) и ќе се продаваат по цена од 121.119 евра во Германија. Погледнете!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.