Дали Mazda планира спортска верзија на моделот 3 со погон на сите тркала? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали Mazda планира спортска верзија на моделот 3 со погон на сите тркала?

Веќе подолго време се шпекулира за насоката во која Mazda ќе го однесе својот нов хечбек, но изминативе неколку дена гласините највеќе се однесуваат на погонот на Mazda 3 MPS.

Според Martin Benders, еден од челниците на Mazda Австралија, брендот сеуште активно размислува за спортска варијанта на Mazda 3, но дека првата цел е да се пуштат новите модели во оптек, па потоа да се размислува за „специјалните“ верзии. Новата Mazda 3 веќе изгледа одлично и наидува на одлични реакции од светските автомобилски новинари, па воопшто не би имале против верзија со нагласен спортски дух, големи фелни и спортски бодикит.

Да се потсетиме, минатата верзија на Mazda 3 MPS имаше 2.2-литарски турбо-бензински мотор кој испорачуваше 256 коњски сили, но силата се пренесуваше само преку предните тркала. Бидејќи новата Mazda 3 ја дели својата платформа со кросоверот CX-5, нема да биде проблем вградување систем за погон на сите четири тркала, но сеуште не се дискутира за погонската единица.

Сепак, доколку Mazda реши да понуди спортска верзија на Mazda 3, ќе има сериозна конкуренција во модели кои веќе се на пазарот – Mercedes A45 AMG, Volkswagen Golf R, но и Subaru Impreza WRX.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.