Премиера: Audi A3 Cabriolet – Премиум под отворено небо! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Audi A3 Cabriolet – Премиум под отворено небо!

Луѓето од Инголштад тукушто ја прикажаа кабриолет верзијата на својот компакт, која својата официјална презентација ќе ја има во Франкфурт!

Новиот A3 Cabriolet е изработен врз основата на A3 седан, која има малку подолго меѓуоскино растојание, а тоа дозволува и повеќе простор во внатрешноста, како и попропорционален изглед. Електричниот кров може да се подигне или спушти за 18 секунди, и тоа при брзини до 50 километри на час, а истовремено понудени се дури 287 литри багажен простор, што е прилично импресивно за ваков вид на возило.

Како што и очекувавме, во понудата ќе се најдат многу бензински и дизел мотори. На почетокот ќе се нудат 1.4 литарски TSI со 140 коњски сили и 1.8 литарски TSI со 180 коњски сили, како и 2-литарскиот TDI со 150 коњски сили. Понатаму во понудата ќе се најдат и 1.6 литарскиот TDI со 105 коњски сили, како круната во понудата – 2-литарскиот TSI со 300 коњски сили во S3 верзијата.

Секако, купувачите ќе можат да изберат помеѓу 6-степен мануелен менувач или 7-степен S-Stronic со двојна спојка. По лансирањето, Audi ќе понуди и Quattro модели со погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.