Brabus 850 6.0 Biturbo iBusiness – Луксузен авион на четири тркала – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus 850 6.0 Biturbo iBusiness – Луксузен авион на четири тркала

Германскиот тјунер Brabus во Франкфурт ќе претстави своја визија за новата S-класа наменета за сите оние кои не се задоволни од понудата на Mercedes-Benz.

Моделот е базиран на S63 AMG, а надворешно се разликува од него благодарение на изменетите браници, карбонските отвори за воздух и задниот дифузер. Автомобилот е опремен и со керамички сопирачки, електронски систем за промена на висината на возење и 21-инчни алуминиумски фелни.

Зафатнината на стандардниот 5.5-литарски V8 агрегат е зголемена на 5.9-литри, а инженерите од Brabus инсталирале нови турбополначи, ковани клипови, ново коленесто вратило, поголем систем за довод на воздух, прилагодена компјутерска единица и издувен систем од не’рѓосувачки челик.

780922556779969679

Благодарение на овие модификации моторот произведува 850 кс и електронски ограничен вртежен момент од 1,150 Nm. Ова му овозможува на големиот седан да постигне забрзување од 0-100 км/ч за само 3.5 секунди кон максималната брзина од 350 км/ч.

Ентериерот е целосно опремен со производи од Apple, така што се додадени неколку примероци на iPad mini, iPod Touch, Mac Mini и Apple TV. Тука е и нов луксузен кожен тапацир, безжичен интернет, специјална задна централна конзола, 15.2-инчен TFT дисплеј, мултимедијален систем за забава на задната клупа и светлечки оптички влакна монтирани на кожниот тапацир на кровот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.