Што подготвува Citroën за Франкфурт? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Што подготвува Citroën за Франкфурт?

Францускиот производител мистериозно го најавува Cactus концептот кој ќе го има своето деби на автомобилскиот саем во Франкфурт.

Луѓето од Citroën сеуште не откриваат многу за претстојниот концепт, но се јавуваат шпекулации дека со овој автомобил би се најавила идната насока на Францускиот бренд за изработка на мал, градски автомобил. Единствената фотографија која ја имаме е онаа која ја гледате, а тоа што можеме да го видиме е дека Citroën сериозно го напушта дизајнот кој беше карактеристичен за нивните мали возила и наметнува нова, футуристичка насока која веќе ја најави на голема врата со футуристичкиот C4 Picasso. Покрај оваа фотографија, Citroën објави и кратко видео кое најавува „Air Bump“ копче, кое сеуште не знаеме што прави.

Повеќе информации ќе имаме на петти Септември, за кога е закажана официјалната презентација на овој концепт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.